Изјава на Касемиро од 2021 која покажува колку е важен Крос за Реал Мадрид!

by riste
1 минути читање

Тони Крос игра уште една импресивна сезона во Реал Мадрид, а неговата мајсторска асистенција за Винисиус на мечот против Баерн Минхен повторно го привлече вниманието кон него.

Сите зборуваат за тоа каков фудбалски мајстор е Крос, а колку е значаен тој за Реал Мадрид најдобро опишува една изјава на Касемиро од 2021 година.

„Играта на Реал Мадрид секогаш го следи темпото на ритам кое го диктира Тони Крос. Доколку Тони сака тимот да забави, ние го правиме тоа. Доколку тој сака да забрзаме, ние го правиме тоа. Тој одлучува сѐ“, изјави тогаш Касемиро.

Наскоро се очекува и официјално да биде соопштено дека Тони Крос ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани