По само неколку месеци откако замина во Валенсија, македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски би можел да се врати во редовите на Рајо Ваљекано.
Шпанските медиуми денеска тврдат дека Рајо размислува за враќање на Димитриевски на позајмица. Ваквата идеја за обид на враќање на македонскиот чувар на мрежата во Рајо по најавите дека Грузиецот Мамардашвили може да остане и во наредната сезона.
Димитриевски пристигна како наследник на Грузиецот, меѓутоа тој се уште е во клубот, а опцијата да биде резервен голман за македонскиот репрезентативец не е прифатлива.
Токму затоа во неговиот договор постои и клазула според која може да замине за само три милиони евра, ако Мамардашвили остане летово.
Како и да е за Рајо операцијата сигурно нема да биде лесна, но би можеле да се обидат. Димитриевски на голот на овој тим во минатата сезона беше еден од најдобрите голмани во Ла Лига.