Изненадување: Киеза место во Барселона може да заврши во – Премиер лигата!

by Стефан
1 минути читање

Федерико Киеза се поврзуваше со трансфер во Барселона, но на крајот од преселбата во Каталонија не излезе ништо, а сега Фабрицио Романо јавува дека има нов фаворит за неговиот потпис.

Според последните информации, Ливерпул го контактирал Италијанецот на кого Јувентус не смета.

Киеза е достапен на пазарот и Мота го држи надвор од тимот, меѓутоа до крајот на преодниот рок нема уште многу време.

Барселона се откажа поради финаниските проблеми, а тоа го искористил Ливерпул кој стапил во контакт со неговиот агент Фали Рамадани. Но, интересот од Ливерпул е изненадување затоа што „црвените“ во офанзивниот дел ги имаат: Салах, Дијаз, Жота, Гакпо и Дарвин Нуњез.

Романо наведува дека Киеза е желба на тренерот Арне Слот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани