Натпревари во Серија А сезонава ќе се играат уште овој викенд, а сега се избрани и најдобрите за изминатата сезона.
Тренерот на Интер кој доминантно стигна до Скудетото, Симоне Инзаги е избран за најдобар во сезоната. „Нероаѕурите“ издоминираа во првенството и на табелата имаат дури 19 бода предност во однос на второпласираниот Милан, па така изборот на Инзаги е сосема очекуван.
Болоња која беше вистински хит во сезоната и предводена од Тијаго Мота од клупата се избори за учество во Лигата на шампионите го има најдобриот млад играч (до 23 години) и тоа Џошуа Зиркзе.
Чуварот на мрежата на Монца за кого се најавува дека е пред трансфер во Јувентус Микеле Ди Грегорио е избран за голман на сезоната.
Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони е избран за најдобар од одбранбените играчи, а од Интер доаѓа и најдобриот играч за врска, Хакан Чалханоглу. Признанието за најдобар напаѓач заврши во рацете на Душан Влаховиќ од Јувентус.