Игра во Саудиска Арабија и има 39 години, но Роналдо го истрча својот најбрз спринт на ЕП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, а тоа го докажува и во своја 39 година од животот.

Човек со посветеност кон спортот како Португалецот е многу тешко да се најде. Токму таа посветеност, решителност и желба секогаш да биде во најдобар го држи во добра форма и на полни 39 години. Тој е пред крајот на кариерата и игра во Саудиска Арабија каде што нивото на фудбалот е далеку под европското,а доказ се многу играчи кои играат во лигата и имаат катастрофални партии за репрезентациите на Европското првенство.

Сепак, во мечот со Грузија португалската ѕвезда се надмина себеси. Имено, во еден момент Кристијано Роналдо го истрча својот најбрз спринт на Европските првенства. Тој во брканица за топка разви брзина од 32,7 километри на час, што е негова најголема брзина на континенталните собири.

Пред 12 години, на ЕУРО 2012 кога Роналдо имаше 27 разви брзина од 37 километри на час, а сега со полни 39 беше побрз од својот најбрз спринт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани