И Јуриќ наскоро ќе добие отказ, Рома веќе контактирала двајца сериозни тренери

by riste
1 минути читање

Рома откако го отпушти Жозе Мурињо никако да го погоди тренерот, тие очекуваа подобри резултати со нов стратег, но нив ги нема и покрај огромните инвестиции во последните месеци.

По Даниеле Де Роси, наскоро отказ ќе добие и Иван Јуриќ кој не успеа да ја подобри состојбата. Вчера Рома загуби од Верона, па информациите велат дека клубот му подготвува отказ на хрватскиот стратег.

„Газета дело Спорт“ тврди дека раководството на Рома стапило во контакт со искусните Масимо Алегри и Маурицио Сари, тие се на врвот од желби.

Двајцата имаат свои маани кога се во прашање желбите на навивачите на Рома, но и двајцата се искусни тренери кои исклучително добро го познаваат италијанскиот фудбал.

Алегри преферира дефанзивен стил на игра, важи за најдефанзивниот стратег, додека Сари беше довчерашен тренер на најголемиот ривал на Рома, Лацио.

Покрај овие двајца, се споменуваат и имињата на Един Терзиќ и Франк Лампард.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани