147
Џошуа Зиркзе беше херој на Манчестер Јунајтед во своето деби за „црвените ѓаволи“.
Фудбалерот кој пристигна од Болоња не се најде во почетниот состав за денешниот натпревар против Фулам со кој беше отворена Премиер лигата, но постигна гол во завршницата за три бода.
Холанѓанецот одлично се снајде по уфрлувањето од Гарначо и успеа да ја смести топката во мрежата за три бода за избраниците на Тен Хаг во првото коло.