Тиквеш вечерва ја победи Воска Спорт и го освои Купот на Македонија, Воска едноставно вечерва не беше на нивото на тимот од Кавадарци кој доминираше од првата до последната минута.
Доби Воска можност да се врати и во таква ситуација по грешката на голманот Ренер и голот за 2:1, но тоа не се случи. Свесен дека Тиквеш ја заслужи победата и трофејот беше и тренерот на охридскиот тим Срѓан Захариевски.
„Секако иако работевме на тоа фудбалерите да немаат притисок, направивме некои грешки во првото полувреме и кога ќе изгубиш самодоверба тешко се враќаш. Имавме шанса во финишот да дојдеме до изедначување и во таква ситуација, но не ја искористивме. На крајот, сепак мора да му честитаме на Тиквеш, заслужено го освои трофејот“, изјави Захариевски.
Захариевски истакна сепак дека мораат да бидат задоволни од оствареното во сезоната.
„Ние успеавме да опстанеме во лигата и да стигнеме до финалето во Купот на Македонија и тоа секако е голем резултат“, додаде тренерот на Воска