Захариевски: Го прифаќам предизвикот, ветувам голема борба!

by 24 фудбал
2 минути читање

Вардар доби нов тренер, откако Горазд Михајлов си поднесе оставка, а и неговиот наследник Горан Петрески тргна лошо.

Клупата ја наследува Срѓан Захариевски, искусниот стратег кој добро ги познава можностите во мак-фудбалот. Вчера се влезе во преговори и експресно беше сè договорено, па се стави и потпис на договорот.

Веќе денес Захариевски ќе го свика првиот тренинг и има безмалку две седмици до првиот меч со Вардар.

Голема благодарност до раководството што ми дадоа можност да го водам Вардар. Не сакам да трошам зборови што значи Вардар. Доаѓам во еден незгоден момент, каде што не можам да корегирам нешто во физичката спремност на играчите. Не можам многу да корегирам да доведам нови фудбалери. Ќе се обидеме да се засилиме со некој играч бидејќи има уште неколку денови од преодниот рок. Ова е преодна фаза, добар почеток и за среќа доаѓаат подобри денови во Вардар, од тоа што беше презентирано. Сега амбициите се да го стабилизираме клубот, да заиграме подобро. Пре да се да се бориме, а тоа да го забележат публиката и јавноста. Нашите амвиции секогаш се да одиме на победа. До каде ќе стигнеме не можам да кажам, но мора да се бориме на секој натпревар. Можеме да ветиме дека ќе има борба за секој бод, ќе има желба и мотив. Играчите треба да се свесни за условите, какви што ги немаат многу европски клубови. 

Како играч притисокот е голем, ама таа одговорност ја делиш со останатите играчи. Сега јас сум „виновникот“ тренерот. Го прифаќам предизвикот, не бегам од одговорност. Само можам да ветам доста работа и борба. Секако дека играта не беше добра, да бидеме реални првите четири кола. За две седмици се сменија двајца тренери. Сакале да го извадат најдоброто, но прикажаното не беше добро. Мора многу да работиме за да се кренеме. Ќе го одработиме и првиот тренинг, запознаен сум донекаде, но не до крај до каде се повредените играчи. По тренингот ќе имам некаква слика за целата ситуација. Ќе се обидеме да подобриме што се може, за на секој натпревар да се држиме на победа. Гостивар е екипа која многу често ги менува играчите. Сезонава ги немам гледано, но имаат квалитетни фудбалери. Надополнети се со нови добри играчи, ќе направиме добра анализа за да бидеме подготвени“, изјави Захариевски.

По четири прволигашки рунди Вардар е на дното на табелата со три порази и една победа. Дебито на Захариевски ќе биде против Гостивар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани