Тони Крос во голем стил го одигра последниот натпревар во клупската кариера, со трофејот во Лигата на шампиони и аситенција за голот за водство на Реал Мадрид во победата од 2-0 над Борусија Дортмунд.
Тони Крос на големо изненадување реши да оди во пензија, и покрај тоа што има само 34 години и уште многу да понуди, Германецот реши да се повлече на врвот.
Токму и таков беше неговиот последен натпревар во белиот дрес, со трофејот во Лигата на шампиони и аситенција за голот за водство на Реал Мадрид во победата од 2-0 над Борусија Дортмунд.
Па сосема заслужено, по крајот на натпреварот, фудбалерите на Реал Мадрид го кренаа Тони Крос пред навивачите за да се поздрави на емотивен начин.
Toni Kroos porté en triomphe par ses coéquipiers après un NOUVEAU sacre en finale de Ligue des champions 🤩#BVBRMA | #UCLFinal pic.twitter.com/OqOtymwoMK
— CANAL+ Foot (@CanalplusFoot) June 1, 2024