134
ПСЖ и Килиан Мбапе ќе излезат пред комисиите, бидејќи не можеа да се договорат за исплата на одреден бонус кој беше во договорот на француската фудбалска ѕвезда.
Играчот си ги бара парите, а клубот не сака да ги исплати. Поради тоа на 15 октомври ќе започне процесот. За овој датум е закажано појавување пред заедничка комисија зажалби на Професионалната фудбалска лига (ЛФП). Жалбената постапка ќе започне на средината на месецот.
Се работи за сума од 55 милиони евра, која ПСЖ не сака да ја плати на фудбалерот.
Ќе следат состаноци, сослушувања и потоа комисијата ќе донесе одлука.