Заврши фудбалската година за Ељиф Елмас?

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас се здоби со повреда на мечот од Лигата на нациите против Летонците, уште во првиот дел и селекторот Благоја Милевски мораше да го замени.

Тоа е главоболка повеќе и за тренерот на Лајпциг, бидејќи делува дека повредата на Елмас не е наивна. Според најавите од Германија, Елмас има повреда на мускулните влакна, односно кинење на истите.

Веројатно паузата нема да биде пократка од еден месец, а можеби и околу шест-седум седмици.

Ако е така фудбалската година за Ељиф Елмас заврши, бидејќи во Германија околу католичкиот Божиќ се прави подолга пауза. Почнува на 22 декември, а Бундеслигата се враќа на 12 јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани