306
Денес во Нион беа извлечени групите за квалификациите за жени до 17 и до 19 години за ЕП 2025, рунда 2.
Селекцијата до 17 години во Б-конкуренцијата од Лигата на нации (нов начин на квалификации) игра во група со три репрезентации. Македонија ќе биде домаќин на овој турнир во март следната година.
Репрезентации до 17 години -лига Б
- Словенија
- Македонија
- Молдавија
Што се однесува до поискусните девојки, тие исто така во Лига Б ќе се натпреваруваат во група со четири репрезентации во Хрватска.
Репрезентации до 19 години – лига Б
- Македонија
- Хрватска
- Ерменија
- Литванија
Натпреварите на Македонија У19 се играат во април 2025.