ЕП низ бројки: Чешкиот вицепрвак дава ист број фудбалери како Милан и Јунајтед!

by 24 фудбал
1 минути читање

Во пресрет на Европското првенство се прават анализи, се објавуваат интересни факти и статистики кои ја забавуваат публиката пред стартот на вистинските возбудувања.

Така, последните анализи се околу бројот на фудбалери кои клубовите ги даваат на континенталниот собир. На врвот на листата стојат англискиот и италијанскиот првак. Манчестер Сити и Интер имаат по 13 свои фудбалери низ репрезентациите на Еуро 2024.

На делба на второто место ПСЖ, Барселона и европскиот првак Реал Мадрид кои имаат по 12 претставници на собирот. Со по 11 следат Баерн Минхен и Лајпциг, по десет имаат Арсенал и Баер Леверкузен. Девет фудбалери од Рома, Јувентус и Ливерпул ќе бидат дел од ЕП.

Многу е интересен фактот дека дури осум претставници на Европското првенство ќе има чешкиот вицепрвак Славија Прага. Тоа е ист број на фудбалери колку што на турнирот даваат гигантите како Милан и Манчестер Јунајтед, а толку имаат Болоња и Волфсбург.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани