Енрике во одбрана на младата ѕвезда: Денес ви е Бог, а до вчера ви беше ѓавол…

by 24 фудбал
1 минути читање

Бредли Баркола беше двоен стрелец во победа на ПСЖ против Рен (3-1), а со тоа автоматски беше и херој на навивачите, но и јавноста.

По натпреварот на прес-конференцијата Луис Енрике беше лут на новинарите. Тој им замери што до пред вчерашниот натпревар новинарите го „каменуваа“ младиот Баркола за неколкуте лоши партии, а сега го величаат.

Наведете ми еден играч во историјата на фудбалот кој секој натпревар го одиграл добро. Напорно е ова, многу напорно. Особено ако зборуваме за млади играчи. Нема смисла ниту сега да критикувате играчи од 30 години, а да не зборуваме за овие помладите. Жал ми е, ама напорно е тоа.

Денес ви е Бог, а вчера ви беше ѓавол. Да го кренеме нивото малку, ве молам“, одговори Енрике.

Баркола е во ПСЖ од минатата сезона, кога дојде од Лион за 45 милиони евра. Оваа сезона младото крило се наметна и засега достојно го заменува Килиан Мбапе. Баркола досега одигра шест натпревари во Лига 1 и има исто толку погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани