15
Енис Барди веројатно не е во плановите на Трабзонспор, а управата работи на потенцијално заминување уште во јануари.
Интерес за македонскиот репрезентативен капитен има од друг турски клуб, а тоа е Хатајспор. Според најавите на Турците, овој клуб веќе влегол во преговори со Трабзон за трансфер во јануарскиот преоден рок. Се очекува сегашниот клуб да не прави големи проблеми при преговорите.
Потврда дека Хатајспор работи на трансфер на Барди даде и спортскиот директор на клубот, Риза Чалимбај. Тој откри дека се обидувале да го водеват Барди во текот на летото, а откако не успеале сега имаат втор обид.