382
Новиот фудбалер на Реал Мадрид, младиот Ендрик уште еднаш беше клучен за победа на Бразил, овојпат тие славеа со 3-2 над Мексико, а тој го даде победничкиот гол длабоко во судиското продолжение.
Пријателскиот натпревар се играше во Тексас, САД, а Бразил го почна одлучно откако поведе со гол на Переира уште во петтата минута од натпреварот.
По девет минути игра во вториот дел, Мартинели даде гол за предност од 2-0.
Следуваше период на Мексико, најпрво Квинонес во 73. минута намали на 2-1, а потоа Мартинез во 92. изедначи на 2-2.
Се чинеше дека Мексиканците се спасија од пораз, но тогаш Ендрик во 96. минута постигна гол за победа на Бразил од 3-2.
Ендрик мечот го почна од клупата, во игра влезе во 61. минута.