119
Францускиот великан Бордо од оваа сезона ќе се натпреварува во четвртата лига, откако мораше да прогласи банкрот поради ужасната финансиска состојба
И покрај тоа што ќе игра во четвртата лига, Бордо успеа да заврши голем потпис. Нов член на клубот е Енди Керол, славниот англиски напаѓач кој имаше голем пад во кариерата.
35-годишникот стави потпис со Бордо и ќе заигра во четвртата француска лига. Некогашниот голгетер кој играше за Ливерпул, Њукасл, Вест Хем, a минатата сезона ја мина во француски Амиен.