175
Во текот на минатата сезона Мајнц го отпушти Анвер Ел Гази поради тоа што тој јавно даде поддршка на Палестина, фудбалерот го даде клубот на суд поради тоа, а сега стигна и пресудата.
Судот во Мајнц одлучи во корист на Ел Гази, одлуката за негово отпуштање е поништена, а клубот ќе треба да му плати отштета и од 1,7 милиони евра.
Покрај големата сума што ќе ја добие Ел Гази, Мајнц ќе мора да го задржи додека му трае договорот.
Договорот на фудбалерот првично требаше да заврши оваа сезона, но во него имаше клаузула за автоматско продолжување на уште една година доколку Мајнц остане во Бундеслигата, што и се случи.