Голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин според последните информации од Шпанија донел одлука да остане во клубот и да се бори за местото прв голман на „кралевите“ со Тибо Куртоа.
Украинецот на најдобар можен начин ја искористи повредата на Куртоа кој ја пропушти целата сезона поради тешката повреда и лигаментите на коленото.
Иако, Лунин има договор до крајот на ова лето тој одлучи да ја прифати понудата од Реал Мадрид и да потпише нов договор со важност до 2029 година.
Лунин е свесен дека Куртоа е еден од најдобрите голмани во светот, но е спремен со него да се бори за место во тимот.
Без дилеми Лунин е е еден од најзаслужните што Реал Мадрид ќе игра ново финале во Лигата на шампионите бидејќи во двомечот со Манчестер Сити имаше неколку тешки и важни одбрани.