Селекцијата на Португалија вчера беше елиминирана од Европското првенство, а денеска еден ден по елиминацијата преку социјалните мрежи се огласи првата ѕвезда на оваа репрезентација, Кристијано Роналдо.
Роналдо за првпат одигра Европско првенство на кое не постигна гол, турнирот го заврши со 23 удари кон противничките голмани, но ниту еден не заврши во мрежата, имаше само една асистенција.
„Сакавме повеќе и заслуживме повеќе. За нас. За секој од вас. За Португалија. Благодарни сме за се што ни дадовте и за се што постигнавме. Верувам дека оваа селекција ќе продолжи да се гради. Заедно“, oбјави Роналдо.
За Роналдо ова беше шесто и последно Европско првенство, додека не е исклучена можноста да го гледаме на Мундијалот за две години.