Екипата на Арсенал го потврди трансферот на шпанскиот репрезентативец Микел Мерино кој со клубот од Лондон ќе потпише договор до 2028 година.
Мерино имаше одлично лето во кое со Шпанија стигна до титулата на Европското првенство, додека во минатата сезона беше еден од најважните фудбалери на Реал Сосиедад.
„Микел беше наша голема желба за ова лето, веруваме дека е играч кој може одлично да се вклопи и да ни донесе дополнителен квалитет. Веќе неколку сезони игра на високо ниво, како на клупско така и на репрезентативно и со него сигурно ќе сме посилни“, изјави Артета.
Бројките од трансферот официјално не се откриени, меѓутоа медиумите објавија дека „топџиите“ ќе платат 32 милиони евра. Во Арсенал 28-годишниот фудбалер ќе го носи дресот со број 23.
За тимот на Артета, Мерино е второ засилување откако претходно од Болоња пристигна Рикардо Калифиори.