Еве ги стадионите домаќини на ЕП: Половина се второлигашки! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Вечерва со натпреварот меѓу Германија и Шкотска ќе се крене завесата на новото Европско првенство кое ќе се одигра во земјата на „панцерите“.

Првиот од вкупно 51 натпревари ќе се одигра на „Алијанц Арената“, која ќе биде еден од десетте домаќини на турнирот. Ќе се играат натпревари на сите страни од Германија во десетте града организатори.

Домаќини на турнирот ќе бидат: „Олимпискиот стадион“ во Берлин, „Алијанц Арена“ во Минхен, „Вестфален“ во Дортмунд, „МХП Арена“ во Штутгарт, „Валдстадион“ во Франкфурт, „Арена АуфШалке“ во Гелзенкирхен, „Волфспаркстадион“ во Хамбург, „Меркур Шпиел Арена“ во Дизелдорф, „РајнЕнерџи Стадион“ во Келн, „Ред Бул Арена“ во Лајпциг.

Интересен е податокот дека половина од стадионите домаќини се второлигашки. Станува збор за домовите на Херта Берлин, Хамбургер, Фортуна Дизелдорф, Келн и Шалке.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани