Нов скандал го здрма репрезентативниот табор на Србија, откако по поразот од Англичаните (0-1) на стартот на Европското првенство за своето незадоволство јавно зборуваше капитенот Душан Тадиќ.
Српскиот играч за врска беше незадоволен од тактичкиот избор на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси и двајцата јавно си разменија зборови кои требаше да останат во соблекувалната. Сега Фудбалскиот сојуз на Србија објави извинување од страна на Тадиќ до селекторот и соиграчите.
„Извинување на Тадиќ до селекторот и соиграчите.
Во хотелот во Аугзбург каде што престојува репрезентацијата на Србија во текот на ЕП во Германија, се одржа состанок меѓу стручниот штаб и играчите, на чело со селекторот Драган Стојковиќ Пикси и репрезентативците.
Имаше говор за претстојните предизвици, а меѓу другото капитенот на репрезентацијата Душан Тадиќ ја искористи шансата да се извини на селекторот и соиграчите за непромислените изјави по натпреварот со Англија.
Репрезентацијата на Србија според планот и програмата продолжува со подготовките за вториот меч на ЕП“, напишаа од ФСС.
Ова не е првпат скандал да ги раздрма редовите на фудбалската репрезентација на Србија, откако неспортски теми ја уништија атмосферата и на Мундијалот во Катар пред две години.