322
Викендов една драматична сцена ни пристигнува од Босна и Херцеговина каде што во натпреварот помеѓу Радник од Хаџиќ и ОФК Градина на теренот се сруши фудбалерот на домаќините, Марсело Куревљ.
На него веднаш му била укажана медицинска помош, а бидејќи при таа прилика останал без свест прво му помагале докторите на тереот за потоа да биде пренесен во болница.
За среќа информациите од босанските медиуми се дека по сите направени прегледи тој е во стабилна состојба.
Натпреварот помеѓу Радник и ОФК Градина на крајот заврши со резултат 1:0.