125
Македонскиот фудбалер Љупче Дориев игра во одлична форма во првенството на Узбекистан во дресот на Согдиана.
По 14 кола Дориев се наоѓа на врвот на листата стрелци со десет постигнати гола. Зад македонскиот фудбалер е Тома Татабатѕе со осум погодоци и Драган Черан со еден помалку.
Во минатото коло Дориев беше избран и во идеалниот тим на колото. Неговиот тим со 24 бода во првенството се наоѓа на третата позиција.