Домагој Вида во иднина повеќе нема да го носи дресот на репрезентацијата на Хрватска.
Вида за својата одлука го известил Фудбалскиот сојуз на Хрватска и селекторот Златко Далиќ, а потоа со писмо се обрати до јавноста.
Дресот на националниот тим Вида го носеше на 105 натпревари во кои постигна четири гола.ж
„Кога на 23. мај 2010 година пред своето семејство, пријателите и моите Славонци дебитирав за хрватската фудбалска репрезентација, мислев дека го остварив својот сон. Нешто повеќе од 14 години подоцна, знам дека тоа беше само почеток на најубавата приказна во мојот фудбалски живот. И колку да е тешко да се состават овие зборови, полесно ми е кога знам дека сум побогат за се она што го доживеав.
Чест е еднаш да се облече хрватскиот дрес, а кога тоа ќе го направите 105 пати и ќе заиграте на седум големи натпреварувања со освоени три медали тогаш можете само да сте благодарни за таквата привилегија“, стои во меѓудругото во писмото од Вида.