Рома наскоро ќе го комплетира трансферот на најдобриот стрелец во Ла Лига, Артем Довбик кој за римскиот клуб ќе потпише од Жирона.
Желбата на Довбик да заигра за Рома е огромна, тој се откажа од настап во Лигата на шампионите со тоа што одбра да не остане во Жирона, а и да не потпише за Атлетико Мадрид.
Украинецот ќе потпише петгодишен договор со Рома за плата од 3,5 милиони евра по сезона.
Рома ќе плати 30,5 милиони евра, плус 5,5 милиони евра во бонуси, како и 10 проценти од следната продажба на Довбик.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Довбик имал клаузула во договорот со Жирона дека ќе добие 1,5 милиони евра кога ќе биде продаден.
Тој се откажал од овие пари со цел трансферот во Рома да се забрза и Жирона да ја прифати понудата на италијанскиот клуб.