Добива ли Париз уште еден гигант? Најбогатиот европеец со поддршка и „Ред Бул“ купи клуб

by Стефан
1 минути читање

Во блиска иднина екипата на Париз би можела да игра важна улога во француското првенство, ако судим според капиталот кој влегува во овој клуб.

Имено, најбогатиот Европеец и сопственик на компанијата „Луј Витон“, Бернар Арно влегува во клубот со откупени 55% од акциите. Арно исто така ќе има и поддршка од „Ред Бул“ која купи 15% од пакетот акции.

Преостанатите 30% до 2027 година ќе останат во сопственост на актуелниот сопственик Пјер Ферачи. Во договорот има и клазула според која Ферачи во таа 2027 година е обврзан да ги продаде својот дел.

Екипата на Париз во овој момент во второлигашката конкуренција е лидер на табелата пред Лориент и желба на клубот е уште наредната сезона да се пласира во Лига 1, по што веројатно би пристигнале и посериозни засилувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани