Фудбалската федерација на Македонија ја одреди одлуката на Дисциплинската комисија поврзана со Тиквеш, Баршкими и Вардар Неготино.
Се работи за инцидентите кои се случија во минатите седмици во мак-фудбалот. На прволигашкиот меч меѓу Тиквеш и Вардар помошник судија беше удрен со предмет од трибина. Во ВМФЛ пак, неофицијално лице на теренот во Неготитно го удри голманот на Охрид по мечот против домашниот Вардар, а голем притисок врз судиите имаше од лица по мечот меѓу Башкими и Беласица.
За ова однесување беа изречени казните, а досега веќе засегнатите клубови добија натпревари надвор од своите домови. Тиквеш ќе игра во Кичево, Башкими во Гостивар, а Вардар Неготино во Струмица.
Дисциплинската комисија им одреди уште по два натпревари надвор од своите домови.