Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се обрати на јавноста за време на прес-конференцијата пред натпреварот со Чешка. По поразот од Хрватите во Ријека, нашите фудбалери се вратија во Скопје, а потоа вчера отпатуваа во Храдец Кралове за следниот тест дуел.
„Чешка е феноменален противник, тие се меѓу најдобрите на Европското. Имавме неколку денови за подготовка, моравме да направиме одредени коренции за да ја подобриме дисциплината и да бидеме подготвени за да извлечеме подобар резултат. Ова е последен пријателски меч за нас пред следната Лига на Нации и е важен за нас, за да се формираме и стабилизираме за следниот циклус. Тактичката дисциплина и агресивноста се нешто што мора да го подобриме. Ако сме добро поставени, можеме до поволен резултат“, изјави Димитриевски.
Чесите се подготвуваат за настап на Европското првенство, а на последниот свој натпревар запишаа убедлива победа над Малта од 7-1.