396
Македонскиот голман Столе Димитриевски зад себе има уште еден одличен викенд во кој не дозволи да биде совладан.
Рајо Ваљекано одигра без голови на гостувањето кај Валенсија, а Димитриевски беше еден од најзаслужните за осовениот бод. Репрезентативецот на Македонија одбрани неколку тешки топки и за таквиот настап доби највисока оценка помеѓу голманите во Шпанија.
Димитриевски беше оценет со „осмица“, а за него ова и не е првпат да се најде во тимот на колото со што само ја потврдува формата во која брани.
Ќе потсетиме, токму Валенсија е еден од тимовите кои се споменува како можна наредна дестинација на Димитриевски бидејќи неговата иднина во Рајо засега не е сигурна.