137
Македонскиот голман, Столе Димитриевски според последните најави од Шпанија нема да стартува на голот во вечерашниот натпревар на Валенсија против Барселона.
На голот на Рајо, Димитриевски имаше одлични дуели против каталонскиот гигант, но медиумите во Шпанија во најавените состави го немаат Димитриевски.
Ваквата ситуација и не е толку големо изненадување бидејќи Валенсија се уште не го продала Грузиецот, Мамардашвили кој има предност.
Натпреварот помеѓу Валенсија и Барселона се игра вечерва од 21:30 часот на „Местаља“.