111
Дел од македонските репрезенативци се мачат и немаат минутажа во своите клубови, а од оние кои имаат гол викендов за својот клуб постигна и Димитар Митровски.
Крилниот фудбалер го постигна одлучувачкиот гол и донесе три бода за својот Вараждин на гостувањето кај Локомотива Загреб (0-1) во петтото коло на ХНЛ.
Вараждин доби пенал на стартот на второто полувреме, а Митровски сигурно го реализира за 0-1 во 51 минута, гол кој се испотави како победоносен. Ова за Македонецот беше втор гол во пет меча, претходно стрела и против Хајдук.