150
Горан Здравков се враќа на клупата на Детонит Плачковица, каде што работеше во 2022 година.
Тој доаѓа на клупата на местото на Иван Варадиновски, откако соработката беше прекината по крајот на сезоната. Здравков ќе го поведе тимот во Втората македонска фудбалска лига од четвртото коло, по репрезентативната пауза.
Здравков во минатото беше на клупата на Детонит, од март до декември 2022 година. Освен во Радовиш, тој работеше за Брегалница и Саса.