420
На програмата во Првата македонска фудбалска лига се натпреварите од 18. коло, последно за 2024 година.
Се играат шест меча во терминот од 13:00 часот ширум земјава, а две пресметки се издвојуваат. Дерби за врвот се игра во Тетово, каде што Шкендија го дочекува Гостивар. Интересно се очекува да биде и во Кратово во дуелот на второпласираниот Силекс и скопски Вардар.
На останатите терени Шкупи гостува кај Беса, Пелистер оди кај Работнички, Струга е домаќин на Воска и Тиквеш ќе се судри со Брера.
ПМФЛ, 18. коло
Шкендија – Гостивар
Силекс – Вардар
Беса – Шкупи
Работнички – Пелистер
Струга – Воска
Тиквеш – Брера