„Дежа ву“ за Италијанците: Закањи даде гол како Дел Пиеро пред 18 години (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Италија со ремито против Хрватска (1-1) дојде до второто место и осминафиналето на Европското првенство.

Херој на европскиот првак беше фудбалерот на Лацио, Матија Закањи кој во 98 минута и последните секунди стрела против Хрватите за 1-1. Овој погодок Италијанците ги врати назад низ времето, бидејќи е многу сличен на еден од минатотот.

Се работи за голот на Алесандро Дел Пиеро од полуфиналето на Светското првенство во 2006 година. Резултатот по регуларното време беше 0-0, а потоа со головите на Фабио Гросо во 119 и Дел Пиеро во 121 минута италијанскиот состав се пласира во финалето.

Токму погодокот на Закањи и акцијата која му претходеше потсети на голот на Дел Пиеро од пред 18 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани