„Дебелиот“ унгарски напаѓач кој стана хит на ЕП објасни зошто така изгледа

by Стефан
1 минути читање

Унгарскиот напаѓач Мартин Адам беше познат само на ретките љубители на фудбалот, но поради изгледот со кој се појави на Европското првенство стана вистински хит.

Адам игра во Јужна Кореја во екипата на Улсан Хјундаи, а кога се појави на теренот многумина беа изненадени од неговиот корпулентен изглед бидејќи изгледаше како да има вишок килограми. Многумина коментираа дека повеќе наликува на ММА борец или рагбист.

Набрзо на друштвените мрежи се појавија разни мемиња со неговиот лик, а пред натпреварот со Германија самиот Адам зборуваше на оваа тема.

„Таквите коментари навистина ме расположуваат, воопшто не се лутам. Роден сум ваков, имам таков став. Не велам дека бев волку висок, но имам генетика која не можам да ја променам“, изјави Адам кој е висок 1.91 метар и тежи 86 килограми.

Против Швајцарија Адам во игра влезе во 79 минута и не можеше да и помогне на својата репрезентација да го избегне поразот од 2:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани