Екипата на Вардар претрпе убедлив пораз во денешниот натпревар против Шкендија во Тетово.
Работата домаќините ја завршија уште во првите 45 минути кога постигнаа три гола. По само три минути игра Трумчи ја погоди мрежата на Гачевски, а Ибраими веќе во 13. минута го матираше Гачевски за 2:0.
Пред истекот на половина час игра Шкендија дојде и до трет гол кој беше дело на Ахмеди. Тетовскиот тим создаде и уште некоја прилика за да постигне уште некој гол, но на пауза се замина со 3:0.
Во вториот дел домаќините постигнаа еден гол за конечни 4:0. На 15-тина минути до крајот на натпреварот видовме и инциденти во кои од трибините беше погоден голманот Гачевски, а имаше турканици и помеѓу фудбалерите.
Во останатите натпревари Брера со истиот резултат беше подобра од Пелистер, Беса запиша триумф од 1:0 против Воска, Работнички на Арената го совлада Шкупи со 2:1, додека средбите Струга – Гостивар (2:2) и Тиквеш Силекс (0:0) завршија без победник.