Де ла Фуенте: Овие фудбалери се многу добри!

by riste
1 минути читање

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте е пресреќен по освоеното Европско првенство, тој очекувано ги испофали своите фудбалери и рече дека можат да бидат уште подобри.

Составот на Шпанија е полн со млади играчи чие време допрва доаѓа, но тоа не ги спречи уште сега да се искачат на тронот на Европа.

„Не можам да бидам посреќен. Ова беше прекрасен ден. Многу сум горд, се надевам дека овој моментум ќе продолжи“, вели селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте.

„Ние секогаш можеме да напредуваме, тоа е нашата цел. Виртуозноста на овој тим е дека секогаш сака да напредува. Овие фудбалери се многу добри“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани