8
Oд редовите на Фиорентина според информациите ќе го продолжат договорот со голманот Давид Де Геа кој ќе добие двојно поголема плата.
Како што пренесе „Кориере дело спорт“, клубот од Фиренца ќе ја активира клазулата во договорот на шпанскиоте гигант и тој ќе остане на „Артемио Франки“ до 2026 година.
Миатото лето Де Геа потпиша едногодишен договор со Фиорентина која има опција да му ја продолжи соработката на дополнителна една година. Ако тоа се случи Шпанецот ќе добие и поголема плата и ќе заработува 2.4 милиони евра по сезона, двојно повеќе од сега.
Де Геа е еден од најдобрите голмани сезонава во Серија А и одбрани 80.6% од ударите кои одеа во неговиот гол, повеќе од Јан Зомер од Интер и Мајк Мењон од Милан.