152
Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити во победата над Челси беше Кевин Де Брујн. Белгиецот имаше перфектна статистика, за која зборуваше по натпреварот.
Сепак, Де Брујн смета дека статистичкиот податок точни додавања е многу бескорисен, особено ако подавањата се наназад.
„Мислам дека категоријата успешни додавања е најбескорисна статистика која постои. Можам да имам 96% точни додавања, а тие да бидат кон страна или назад. Така не би бил опасен за целата игра. Тоа значи дека не сум направил ништо, па која е поентата?“, изјави Де Брујн.
Во дуелот со Челси, Де Брујн забележа 43 успешни додавања од вкупно 51 обид, а често е еден од најдобрите додавачи во тимот.