Кевин Де Брујн низ годините во Манчестер Сити прерасна во еден од најдобрите играчи за врска во историјата, а сега по шест освоени титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите и 15 вкупно би можел да замине.
Островските медиуми пренесуваат дека Де Брујн ги договорил личните услови со Ал Итихад. Договорот на Де Брујн со Манчестер Сити истекува со завршувањето на сезоната која следи. Според „Трансфермаркт“, Де Брујн вреди 60 милиони евра, а со оглед на квалитетите на Де Брујн, тешко дека саудијците ќе добијат попуст.
За Белгиецот сигурно би платиле голема оштета, додека платат уште поголеми би биле и трошоците за неговиот договор. Во овој момент во Манчестер Сити Де Брујн има плата од 21 милион евра по сезона.
Уште пред неколку недели Де Брујн не криеше и најави дека би можел да се пресели во Саудиска Арабија.
„Ако постои добра понуда, тоа е можно. Никогаш не сум покажал дека сакам да заминам. Имам повеќе од доволно пари. Но, ако пристигне некоја апсурдна понуда мораме да мислам на моето семејство, моите роднини, моите внуци и моите пријатели“, гласеше изјавата на Де Брујн со која потврди дека е спремен да преговара.
Ал Итихад од клупата го води Лоран Блан и во тимот веќе има играчи како Канте, Бензема, Фабињо, Жота…