Двете гостински победи донесоа скок на Македонија на ФИФА ранкингот

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше на најновата ранг-листа на ФИФА.

По двете победи во кои избраниците на Благоја Милевски не примија гол следеше напредок од три позиции. На новото рангирање Македонија се наоѓа на 69 место, што е три позиции подобро од претходното.

Во октомври Македонија славеше на гостувањата кај Летонија со 0-3 и кај Ерменија со 0-2, направи исчекор и е пред освојување на првото место во групата во Ц сегментот од Лигата на нациите.

Што се однесува до водечките, на врвот е Аргентина, па следат Франција, Шпанија, Англија и Бразил во топ пет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани