419
Лапорта одлучил да му даде отказ на Чави по крајот на сезоната, Барселона е во потрага по нов тренер, а во медиумите се пишува за двајца кандидати.
Како прво име се истакнува Рафа Маркез кој веќе е во клубот, работи со Б тимот на Барселона.
Ситуацијата на Рафа Маркез е слична на онаа на Пеп Гвардиола и Луис Енрике кои исто така од вториот тим беа прекомандувани во најдобриот тим на Барселона и успеаа.
И на Маркез му се предвидува голема тренерска иднина, па големи се шансите Барселона да се реши за таков потег.
Втор кандидат е Ханси Флик. Поранешниот тренер на Баерн Минхен и на германската селекција е поискусната опција за наследник на Чави.