Два гола на Андонова на саудиското деби, едниот е супер-гол од слободен удар! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
8 минути читање

Наташа Андонова имаше ѕвездено деби во екипата на Ал Шабаб, бидејќи беше двоен стрелец во победата над Ал Таџари (0-4).

Најдобрата македонска фудбалерка веднаш се наметна во Саудиска Арабија. Андонова ја доби и капитенската лента во новиот клуб, а уште на првиот меч покажа дека ништо не е случајно.

Првиот погодок во саудискиот фудбал Андонова го даде со глава по нафрлување во шеснаесетникот.

Од друга страна, вториот беше вистинско ремек-дело во нејзин стил. Андонова изведе слободен удар од околу 30 метри, биеше преку живиот ѕид и погоди во подалечниот агол, неодбранливо за домашната голманка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани