290
24-годишниот голман, Доминик Котарски не успеа да се најде на списокот на Хрватска за Европското првенство ниту како трета опција.
Тоа е изненадување бидејќи Котарски брани фантастично за новиот грчки шампион, ПАОК.
Котарски пред три месеци дебитираше за Хрватска и се очекуваше дека ќе биде дел од Европското првенство, но Далиќ одлучи да не го земе.
Тројцата голмани на Хрватска кои одат во Германија се Ливаковиќ, Лабровиќ и Ивушиќ.
Но, Котарски не треба многу да жали, според Џанлука Ди Марцио за него има голем интерес од најдобрите лиги.
Заинтересиран е Интер, го сакаат и Парма, Саутемптон и Аугсбруг.
ПАОК би го продал хрватскиот голман ако до нив стигне понуда од 10 милиони евра плус одредени бонуси.