70
Вардар и Работнички ќе се судрат во скопското дерби во рамките на единаесеттото коло на ПМФЛ.
Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги изнесе офанзивниот играч на врска на Работнички, Кристоџеј Далеј. Фудбалерот од Јамајка најави борба против ривал кој се мачи.
„Знаеме дека нѐ очекува еден дерби натпревар. Вардар е квалитетен тим, имаме максимален респект кон нив, иако на многу натпревари знаеја лесно да ги загубат бодовите. Но, свесни сме дека воопшто нема да биде лесно. Работевме напорно оваа недела, се подготвувавме и се надеваме дека ќе се радуваме и на утрешниот натпревар“, изјави јамајканскиот фудбалер.
Средбата меѓу Вардар и Работнички на „Градски“ се игра во 13:00.