Мирлинд Даку направи скандал по натпреварот меѓу Албанија и Хрватска на Европското првенство (2-2). Во славјето фудбалерот го зеде мегафонот и почна да ги навредува и пцуе Македонците, а тоа наиде на огромна осуда.
Иако за време на турнирот Даку упати извинување преку социјалните мрежи, по елиминацијата на Албанците тој пак проговори на оваа тема.
„По првиот натпревар против Италија, Хисај беше мета на критики. По мечот со Хрватите сакав да го поддржам и заедно дојдовме пред трибината со нашите навивачи. Бев близу, ми дадоа мегафон во рака и ги изговорив тие зборови. Во такви мечеви, навивачите често си дозволуваат да навредуваат. Игравме во таква атмосфера и тоа ме надвладеа.
Крајот беше многу емотивен, дадовме гол за 2-2 во последна минута, а и јас имав деби на Европското. Емоциите беа изразени, ама тоа не е оправдување. Шокиран сум дека си дозволив така да ме совладаат емоциите. Не смееше да се случи тоа. Кажав непримерни работи, кои не треба да се упатуваат никому. Тоа е неприфатливо и не ме претставува во вистинско светло. Им се извинува на сите кои ги навредив“, прокоментира Даку.
За своето однесување Даку доби суспензија од два натпревари, но и од својот клуб Рубин Казан.