Гундоган ги изненади Германците – ги кажа фаворитите за ЕП, а Германија не е помеѓу нив

by Стефан
1 минути читање

За пет дена стартува Европското првенство во Германија, а сега фудбалерот од средниот ред на Германија, Илкај Гундоган го кажа својот фаворит.

Зборуваше Гундоган за своите фаворити и помеѓу нив интересно не ја смести Германија.

Германија на последните големи натпреварувања немаше некои посебни резултати, меѓутоа сега очекувањата на германската јавност се големи затоа што играат на домашен терен.

Според Гундоган прв фаворит за титулата европски шампион е Франција.

„Фаворит е Франција, а зад неа следат Португалија, Шпанија и Англија“, смета Гундоган.

Како домаќин Германија во петок (14-ти јуни) го отвора Европското првенство со натпреварот против Шкотска и во нејзината група се уште Шкотска, Швајцарија и Унгарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани